Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарски прашања по посетата на армискиот полигон „Криволак“. Според неа не се работи само за политичка, туку и за кривична одговорност.

Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи. Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата, изјави Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.