Радмила Шекеринска во своето гостување на Канал 5 рече дека Македонија до полноправното членство мора да го ратификува Протоколот за НАТО во Собранието.

Очекувам сите кои барем еднаш кои го спомнале НАТО да гласаат за Законот за одбрана. – рече Шекеринска појаснувајќи дека по 2012-та година во сите извештаи имало стагнација во поглед на основните демократски вредности и заклучоци кои како што вели министерката за одбрана не враќале назад.

На прашањето кој ќе биде технички премиер вицепремиерката рече:

Мој фокус во изминативе 2 ипол години беше да го постигнеме членството во НАТО и да не дозволам никакв кикс на тој план. Да не ја трошиме енергијата на погрешни прашања, на постојаното лицитирање кој ќе биде технички премиер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.