Многумина граѓани, но и медиумите чекаат од нас да го потврдиме парламентарно мнозинство кое ќе гарантира функционално Собрание и нормален тек на реформските процеси. Се водат разговори, очекувам тоа брзо и успешно да се заврши, бидејќи не чека многу повеќе работа. Целта е да се обезбеди квалитетно мнозинство, кое точно ќе знае за какви политики се залага, има јасен план за работа и времето помалку ќе го троши во преговарање, а повеќе во работа.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по барање на новинарите да ја коментира актуелната политичка состојба во однос на случувањата во Собранието за прашањето за гласањето недоверба на Владата.

Шекеринска вели дека фокусот треба да биде што се случува во државата и по Локалните избори да се врати во нормалното темпо на работа и обезбедување подобар живот, повеќе безбедност.

Владата функционира. Собранието денеска ќе почне да дискутира и за Буџетот, ако не се лажам. Ништо не не спречува да работиме на тоа што е важно за сите. Мислам дека како што на граѓаните фокусот не им е постојани избори или постојано броење пратеници, туку работа и резултати, мислам дека и ние тоа треба да им го понудиме – изјави Шекеринска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.