Хибридните закани наметнаа друг тип на војување, посуптилен од класичниот, но еднакво разорен. Една лажна вест може да сруши цел еден систем или да го наруши неговиот кредибилитет до таа мера што ќе го загрози неговото функционирање. Затоа носиме Стратегија за справување со хибридните закани, наведе на нејзиниот фејсбук-профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа истакнува дека Министерството за одбрана е носител на ваквата иницијатива.

Се погриживме да изработиме стручен текст со сите потребни анализи и насоки за дејствување. Денес отворив јавна расправа за неговата содржина со државните и безбедносните институции и со невладиниот сектор. Оваа важна тема е високо на агендите и на НАТО и ЕУ, додаде министерката за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.