Министерката за одбрана Шекеринска пак истакна дека отсуството на политичка влада со целосен капацитет во Бугарија е фактор, кој ќе влијае на процесите, но вели тоа не треба да влијае на нашиот ангажман за постигнување на целта.
– Ниту Европа, нуту регионот, ниту ние не можеме да чекаме сите избори да поминат. Ние мора да ја работиме нашата задача. Посетата на премиерот и владиниот тим, сите средби кои што ги правиме е да покажеме уште еднаш и да акцентираме дека тоа што требаше да се сработи од наша страна е сработено, дека покажавме огромен капацитет да дискутираме со нашите соседи и да наоѓаме решенија кои се посакувани од двете страни и се можни. Никој не може да се сомнева во нашата намера да создаваме добри меѓусоседски односи и ние тие аргументи ќе ги повторуваме секој ден и во секоја прилика. И се надеваме дека и Бугарија ќе биде подготвена час поскоро да се најде решение и да тргнеме напред, вели Шекеринска.
Овој регион ако ги чека да се завршат сите избори постојано ќе биде во статус кво кое што видовме колку чини во претходните 15 години.
-Ние имаме политички капацитет дека тој статус кво го ставиме под знак прашање и покажавме дека сме спремни за чекори кои што не доснесоа и до членство во НАТО. Затоа нашите аргументи ги споделуваме со нашите НАТО-сојузници зато што сметаме дека треба да се чујат, вели министерката за одбрана Шекеринска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.