Носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 рече дека по овие избори, на кои граѓаните ќе се определат за продолжување на позитивните политики, премиер ќе биде Зоран Заев кој има подеднакво силна поддршка и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците, Ромите, Власите, Бошњаците и кај Србите.
На сите им стана јасно дека единствените партии и луѓе кои ловат гласови на националистичка карта се само оние што немаат што да понудат и тоа не се однесува само на Албанци, туку и на македонски кандидати. Оние што нудат рециклирани национализми всушност соопштуваат дека нема што друго да им понудат на граѓаните. Нашиот концепт победи и јас знам дека тоа нервира многу албански или македонски политички фактори во државава кои играа секогаш на картата на национализам само кога ќе дојдат избори, нашата програма го реафирмира концептот едно општество за сите, нагласи Шекеринска.
Според Шекеринска понудата на ДУИ за Албанец премиер е пуштена петарда и никој во ДУИ реално не навива и работи Зибери да стане премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.