Првата композиција со инженериски машини пристигна на железничката во Криволак, соопшти министерката за надворешни работи Радмила Шекеринска.

Нашите инженерци заедно со 15.инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба „Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај. Македонската Армија и Армијата на САД заедно на Криволак ќе изградат патишта, објекти за вежби и обука, магацини, стрелишта, полетно-слетна писта за беспилотни летала. Тоа е предноста на сојузништвото!, порача Шекеринска, додавајќи „Ние сме НАТО“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.