На некои луѓе не им лежи власт да бидат. Да се биде на власт, значи таа и да се практикува, да се почитуваат протоколите, за што се грижат цели служби професионалци. Секако, ако во служвите не се проветрувало во стилот „од чистачка до министер“.

Иако се изредија многу видни гости од странство, протоколот не само што не ни се покажа како јака страна, ами по ова прашање се претставивме како светски срам.

Го пречекавме австриоскиот канцелар Себастијан Курц со знаме од друга држава, а играше метла пред американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Вчера, пак, при посетата на словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец за време на смотрата на почесната гарда на АРМ министерката Шеќеринска чекорела на погрешна позиција.

Вообичаената позиција на гостинот треба да е „внатрешна“, меѓу домаќинот и гардата, за да може истиот да ги испочитува правилно сите точки на воената церемонија, како поздравот на знамето, на сабјата, на делегацијата…, пишува Академијата за протокол.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.