При посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчката владина делегација, многумина забележаа дека гардеробата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска случајно или беше е во боите на грчкото знаме. Министерката Шекеринска во интервју за „360 степени“ откри дали изборот на гардеробата бил случаен.

2 април многумина го гледаа само низ призмата на посетата на грчкиот премиер и грчката владина делегација, но 2 април е и ден во кога обично во сино се одбележува нашата поддршка на лицата со Даунов синдром. Мислам дека и двете пораки се позитивни пораки, па кој како сакаше коментираше. Сината боја е и бојата на НАТО, а нашата желба е да станеме членка и на НАТО и на ЕУ, рече Шекеринска.

Таа искоментира дека за разлика од мажите кои немаат многу избор, жените имаат поголема грижа околу изборот на гардеробата.

Како што рече хрватската претседателка, понекогаш и јас би сакала јавноста помалку да се занимава со овој дел, а повеќе на нашата работа, рече министерката која сепак заклучи дека се обидува пораката која има да ја испраќа со зборови, а не преку облеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.