Откако СДСМ е на власт, три години немаме ниту една инвестиција во енергетиката. Единствено што направија е поништување на набавката на механизација.

За три години од нивно владеење фирми блиски на СДСМ нижеа милиони преку криминални тендери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Радмила Шекеринска која денеска од Битола најави дека инвестициите во енергетиката, ја вратиле ефтината и стабилна цена на струјата.

Таков пример имаме и со Васко Ковачевски, кој на незаконски начин ја избрка фирмата која не сакала да плати рекет од 250.000 евра и на нивно место преку договор во 4 очи тендерот го додели на фирмата СВ Инвест која е поврзана со Вице Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека криминалите и злоупотребите во енергетиката наскоро ќе завршат, а изборот е, велат од партијата, помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.