Две и пол години се мачевме да се донесе Закон за Јавно обвинителство, се трудевме да се применат препораките на Прибе и да се направи систем кој ќе гарантира правда, истакна носителката на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица Радмила Шекеринска синоќа во Ресен.

И да, и ние сме разочарани заради тоа што оние кои требаше да испорачаат правда, а тоа се само обвнители и судии, не побрзаа тоа да го сторат, се трудеа да калкулираат, се трудеа да бегаат од одлуки, затоа ги донесовме сите Закони, изградивме темел во кој оправдување веќе нема да бидат можни – рече Шекеринска.

Таа додаде дека од тие причини побарале мониторинг од ЕУ врз сите случаи на корупција и голем криминал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.