Котизацијата за членството на Република Македонија во НАТО годишно ќе ја чинат земјата 1,2 милиони евра, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во нашата одбрана и во нашата армија, а дека овој дел на трошоци не се трошоци од кои зависи буџетот на една земја, рече Шекеринска во гостувањето на емисијата Топ тема на Телма.
Таа најави дека по потшишувањето на протоколот за членство во НАТО ќе следи зголемување на персоналот на Мисијата на Македонија во седиштето на Алијансата поради зголемениот обем на работа.
Нашата мисија во НАТО има одбранбен и дипоматски дел значи претствници од Министерството за одбрана и МНР. Според нашите планови, целта ни е во нашата Мисија во НАТО да имаме 15 претставници од Министерството за одбрана од кои најголемиот дел ќе бидат воени лица. Значи фокусирани на воената соработка, најверојатно десет воени лица и пет цивили или државни службеници. Во моментов таму имаме четворица, кои многу брзо ќе бидат помогнати со уште двајца државни службеници и воено лице и во тек се конкурси за уште три места. Така што очекувам релативно брзо, во следните 2-3 месеци таму да имаме девет до 10 лица и до крајот на годината да ги пополнуваме и останатите, рече Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.