За да се постигне договор со Бугарија, потребно е да има желба на двете страни. Во владатаи во државава, таква желба има. Доколку и во Бугарија постои барем половина од таа желба, проблемот ќе се реши – изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во „Тема на денот“ на дневникот на ТВ „Сител“.

Таа смета дека Во енергијата не треба да ни ја одземаат изјавите како оние на Каракачанов. Каракачанов зборуваше за наводно бугарско потекло на Шекеринска, на што таа одговори:

„Јас сум горда и сигурна во себе и во својот идентитет, во своите не само македонски корени, туку и во својата македонска изворна идентификација. Нема што јас да дискутирам со Каракачанов за тоа која сум и што сум. Ако тој сака да биде Македонец, нека повели. Меѓутоа нашето право е наше право“, порача вицепремиерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.