Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека за 20 дена ДИК не може да подготви избори кои би биле легитимни.
Според неа се’ уште нема утврдено датум за избори што ќе може да е прифатлив за нив како Државната изборна комисија, но потенцираше дека за 20 дена не е возможно да се спроведат легитимни избори.
Претходно и претседателот Оливер Дерковски, рече дека на ДИК му се потребни околу 50 дена за целиот процес да биде легитимен и нормално спроведен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.