Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска ќе престојува во во официјална посета на Македонија.
Ди Мајо ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, по што ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со техничкиот премиер Оливер Спасовски, а ќе разговара и со лидери на политички партии.
Централно место во разговорите, како што соопштуваат од МНР, се очекува да биде иднината на процесот на проширување на Европската Унија, по презентирањето на новата методологија на ЕУ и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите на Македонија во тој контекст.
На средбите ќе бидат разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.