Главна тема на социјалните мрежи е денешното масовно одење во Србија за антиковид вакцина. Екс-пратеничката на СДСМ, Ивана Туфегџиќ, која беше дел од Шарената револција, на својот профил на Фејсбук прокоментира во однос на денешниот ден.
-Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава. Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да спасат жива глава зашто се оставени на цедило од својата држава. Недостигот на стратегија, инаетот кон другите вакцини поради некаква геостратешка политика, неодговорноста и неорганизираноста на човечките капацитети со кои располагаме придонесе за гнев и бес на луѓето. А, најмногу од се комуникацијата: “не оваа среда, следниот петок”. Ни полициски час, ни ништо нема да ги спречи луѓето да одат да си бараат спас. Гневот и бесот кон сопствената држава ќе остане и ќе расте. Единствено се надевам со оваа масовна вакцинација во Србија барем докторите кај нас ќе здивнат малку наредниот период, зашто тие се вистинските патриоти, како што се сака сега да се употребува во секој контекст, напиша Туфегџиќ на Фејсбук.
Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава.
Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да…Posted by Ивана Туфегџиќ on Saturday, 27 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.