Локалните избори потврдија дека Левица станува трета политичка сила во Македонија. Иако кандидатити за градоначалнци имаа најмногу во скопските општини и во Градот, сепак гледано и со советничките листи освоија околу 50.000 гласови. Тоа можеби е помалку од она што се предвидуваше на анкетите, но ова сепак е добар резултат.
Вистинско изненадување е и резултатот на Петар Георгиевски-Камиказа кој освои над 20.000 гласови, но позначајно е што со неговиот критички став одзеде или одварти многу Скопјани да не го дадат својот глас за кандидатот на власта Петре Шилегов.
Но, сега доаѓа она вистинското за Левица. Како опозициска партија, природно и нормално е да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Позитивен чекор е изјавата на лидерот Димче Апасиев кој навести дека е можно во одредени општини да ги поддржат кандидатите на опозицијата но не кажа даде точно.
Од општина до општина можни се преговори со опозициските партии. Ќе чекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак раководството ќе треба да ја донесе таа одлука. Во следните две недели планираме да свикуваме проширен Централен комитет каде што ќе се испеглаат сите овие прашања и ќе го дадеме курсот на понатамошните наши дејствувања. Евидентно е проопозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме и понатаму, рече Апасиев.
Вториот круг на изборите се шанса Левица да покаже дали се вистинска опозиција или сателит на власта. Ако се вистинска опозиција ќе гласааат или ќе дадат поддршка за кандидатите на опозиција без разлика на различните ставови што ги имаат.Ставовите може им се различни, но не непријателот им е заеднички а тоа е Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.