Гледам сега крива им била дијаспората… па да им се забранело ова, да им се забранело она… каде бе вака пријатели… кој па на вас ви даде сила за да забранувате… што се замислувате бе Вие?! Со толкава дијаспора и луѓе кои копнеат за Македонија и бурно реагираат на се што се случува овде, вие решивте да ги навредувате зошто во нешто не ви се вклопиле коцките?!?! Каде бе вака пријатели…!!! Што направивте вие за овие луѓе? Каков плод очекувавте да соберете од отровното дрво што го посеавте? Целосно треба да се смени односот кон дијаспората, целосно треба да се поддржат да се гушнат и да не се дозволи да се почувствуваат како чудната тетка дојдена на гости па не се вклопува… треба да се гушнат и да станат дел од ова општество во целост како синот испратен во странство за да заработи и кого со нетрпение го чекаме да си дојде да го гушнеме… не заради парите ами заради љубовта кон него!!! Само така пријатели ќе направиме нешто за да се чувствуваат дека и ова овде што го напуштиле е нивно и му требаат зошто уште се носители на неговиот суверенитет (а и на платежната способност да бидеме искрени)…
Голема почит имам кон сите што низ годиниве ве запознав по светот… продолжете да си ја сакате Македонија со сите ваши и наши несовршености зошто ни се заеднички!!! Со гордеев тогаш со вас се гордеам и сега!!!, напиша Оливер Шамбевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.