Ме изненадува колебливоста на СДСМ да ја прифати резолуцијата. Прво ја одбија, па ја прифатија, сега повторно најавуваат дека ќе ја одбијат. Што е неприфатливо за СДСМ, континуитет на македонскиот јазик, идентитетот“, вели во „Тема на денот“ за дневникот на Сител, Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен амбасадор.

-Она што мене ме чуди зошто СДСМ избегнува да ја прифати се две можности. Прва работа или преговараат за маркерите кои го дефинираат идентитетот, ставено е на маса па го избегнуваат текстот на резолуцијата, или пак се обидуваат и натаму да направат раздор во македонското ткиво и максимално поларизирање. Од нивното доаѓање па се денеска македонското општество никогаш не било пополаризирано. Ако не ја прифатат резолуцијата, тогаш им паѓа во вода дека опозицијата е кочничар. Ова е подадена рака, рече Шамбевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.