Професорот Оливер Шамбевски остро реагира што засега одговорност се бара само од двајца царинарници и нивниот раководител за продпуштањето на автобуост на „Беса транс“ без прикажување на лиценца за меѓународен транспорт при излезот од државата.
Аааа не, извинете пријатели не може вака!
Ако, мислите дека вака ќе заташкате ваков случај, ако мислите дека ќе ви пројде како што пројде Ласкарци и модуларната во Тетово, размислите уште еднаш!!!
Во моментов е потребно покрај овие што ги насамарувате, на истиов список да се раководители на секторите чија надлежност е издавање дозволи, инспекторат, директорот на Царинската управа и секако министерот за транспорт.
Потоа треба да следува смена на обвинителине кои од не знам кои причини се шетаа во Софија наместо да го подготват случајот овде, да запленат документација и слично. Да, нивната смена ќе биде нужна за да не се соочиме пак со заташкување на ваков случај.
Се лажете ако мислите дека вака ќе поминете!, порачува Шамбевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.