Денеска видовме крајно кукавички обид да се спасат нечии кариери и бизнис интереси, вели Оливер Шамбевски од ВМРО ДПМНЕ по одлуката на премиерот Зоран Заев да не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

Денеска е тажен ден во Македонија. Жално е ова што се случи денес, жално е затоа што се направи класичен спин и ПР трикови со ужасната судбина на 14 кутри луѓе, а само со цел крајно кукавички да се спасат нечии кариери и веројатно бизнис интереси! Жално е ова што се случи денес и идната влада мора ова во детали да го истражи.
Жално е ова денес што се случи во Македонија затоа што паралелно со оваа вест читаме дека во Романија сличен случај ќе се води како убиство…
Но, барем, денеска ги видовме голи во целата нивна грдотија. Денес видовме дека нештата се онакви какви што се, и сфативме, се надевам, дека ние страдаме само затоа што замислувавме дека нештата и луѓето се поинакви дека се слични со нас обичните луѓе… но, не се, а денес го видовме тоа како што видовме и какви кукавици всушност тие се.
Добро е и што на 17-ти имаме шанса и во Тетово и секаде да кажеме што точно чувствуваме денес и што чуствувавме вечерта на 8-ми септември, смета Шамбевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.