Mинистерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, изјави дека за неговата земја, целосното членство на Македонија и Албанија, но и на сите земји на Блаканот, е стратешки интерес. Шаленберг истакна дека тоа е нивно непосредно соседство, во политичка, културна и економска смисла, дека има половина милион граѓани во Австрија со семејно потекло од Западниот Балкан, поради што има многу силни човечки врски меѓу Австрија и балканските земји.
Шаленберг порача дека Австрија била горда што можела да биде заедно со Балканците во Европската Комисија и што можела да му помогне на регионот во механизмот за делење на вакцини со првата пратка на „Фајзер“, затоа што, како што истакна, тоа е тоа што било споменато „во случај на потреба, секогаш може да сметате на вашите партнери во ЕУ“.
Нашата цел и целта на следното претседателство е да ве задржиме јасно на патот кон ЕУ. Се разбира, европското обединување не е целосно се додека сите земји од Западен Балкан не станат членка на ЕУ. Сите знаеме дека има важни билатерални прашања. Ние сметаме дека билтералните прашања не треба да го блокираат процесот на пристапување, но мислам дека сите се согласуваме дека мора да се справуваме со прашањата и затоа целосно ги поддржуваме напорите на португалското претседателство, заедно со министрите овде и во Софија и целосно ги поддржуваме напорите на следното словенечко претседателство кое ќе се одржи есента, многу важен самит за Западниот Балкан – изјави Шаленберг.
Тој додаде дека не смее да се губи повеќе време и порача да се обидат 2021 година да не биде целосно изгубена.
На прашање дали се фрустрирани 16 години да ги испраќаат истите поддршки, Шаленберг нагласи дека нештата се во голема мерка променети.
Ова е сега клучно време, клучен момент, ве молам разберете дека не сакам да навлегувам во детали, ова е тековен процес, но навистина го поддржувам се што како предлог го стави на маса португалското претседателство – изјави Шаленберг, повикувајќи ги сите да намалат со емоциите и реториката, оти, како што рече, тоа нема да помогне.
На прес-конференцијата што се одржа во Министерството за надворешни работи во Скопје, се обратија и министрите за надворешни работи на Македонија, Словенија и Чешка, Бујар Османи, Анже Логар и Јакуб Кулханек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.