Mинистерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, соопшти дека по добивањето коментари и сугестии од дебатата за Националната стратегија за ИКТ, се подготвува информацијата за следната владина седница.
Шаќири порачува дека иднината на нашето општество е тесно поврзана со технологијата и додаде дека затоа паралелно со процесот на дигитализација се грижат и за сајбер безбедноста.
Тој нагласува дека ќе се зајакне улогата на Националниот Центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, како дел од Дигиталната агенција, која ќе се формира преку нацрт -законот подготвен од МИОА. Овој Центар ќе биде координатор на сите други локални центри и ќе работи во рамките на другите клучни институции во Република Македонија.
Во соработка со Министерството за образование и наука подготвуваме нацрт-проект кој ќе има за цел да ја зачува хигиената и сајбер будноста и да ги заштити учениците и децата од сајбер напади – информира Шаќири.
Претходно од МИОА информираа дека Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 на Република Македонија се фокусира на утврдување на приоритетните области во ИКТ-секторот и има за цел да ја подготви Македонија за сестрана и агилна дигитална иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.