Лиса Баута Шаќири, магистар по правни науки и гласноговорник против етничкиот клуч на вработувања кои беа најавени од страна на Владата, во гостување на „ТВ24“ истакна дека одлуката за вработувања по етнички клуч е популистичка.

Албанскиот народ во Македонија не е народ кој заслужува да биде деградиран и ставен под етнички клуч да Владата субвенционира наше вработување – вели Шаќири.

Шаќири вели дека албанскиот народ и донел две нобелови награди на оваа земја, Мајка Тереза и Ферид Мурати, па по тоа ваквото деградирање и потценување е популистичко.

Таа посочува дека има доволно квалитетен кадар кој може сам да се вработи и да оди  напред во кариерата, а дека мерката е популистичка атоа што политичарите си признааваат дека вработувањата по етнички клуч на Албанците се нивен успех и на нивните политики и вледеење.

Се сложувам дека во јавниот сектор треба да им застапеност на Албанците, но кога разговараме за приватен сектор се сложувам дека треба да се зголеми вработеноста кај Албанците, меѓутоа начинот и пристапот е популистички и за жал предизвикува реакции и од страна на Македонците – критикуваше Шаќири.

Таа вели дека никогаш во животот не конкурирала на некое работно место како Албанка, туку како дипломиран правник и магистар по правни науки.

Интелектуалците кои имаат добро Си-Ви немаат потреба да бидат само една квота. Етничката припадност е дел од идентитетот, но не и клуч за вработување – вели Шаќири.

Таа исто така истакнува дека е невозможно интелектуалец кој учел во Макеонија да не го познава македонскиот јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.