Шаќир Фетаху е избран за нов претседател на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, јави „Алсат“.
Денес е одличен ден за сите муслимани во Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух.
Нашиот пат ќе биде знаење, транспарентност и неуморна работа во служба на верниците и граѓаните. Тоа ќе биде ИВЗ која со мудрост ќе одговори на сите предизвици што ги носи времето изјави Фетаху по изборот.
За функцијата поглавар на ИВЗ имаше двајца кандидати: в.д.поглавар Фетаху и тетовскиот муфтија Ќани Несими.
Од ИВЗ велат дека нема мешање во изборите од страна на партиите на Албанците и дека тие испратија само пораки со желба изборите да се одржат во фер и демократска атмосфера и да победи оној кандидат кој ќе ја добие довербата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.