Засега не се размислува за затворање на градинките, бидејќи состојбата со вирусот е под контрола, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска. Министерката додаде и дека од почетокот на пандемијата до минатата недела со вирусот се заразиле 26 деца и 83 вработени, а во последната недела се регистрирани уште 9 деца и 40 вработени. Во моментов во изолација се 482 деца и 77 возрасни лица.
Сите се во добра здравствена состојба,освен едно дете и една воспитувачка кои се хоспитализирани.
Капацитетот во градинките изнесува 20.718, а посетуваат 10.700 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.