Јас го исполнив моето гласачко право кое ми е дадено согласно Уставот, но и како граѓанска должност. Верувам дека и останатите граѓани од нашата земја ќе излезат на демократски, фер, слободни избори, како што покажавме изминатите години и ќе гласаат за опцијата за која веќе се определиле, рече носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Јагода Шахпаска.

„За разлика од претходните години оваа година гласаме согласно препораките на здравствената комисија и протоколите на Државната изборна комисија заради корона кризата.

Меѓутоа, ги повикувам сите граѓани од нашата земја да излезат и го дадат својот глас за опцијата која што води напред, која што води во Европа, а не опцијата која што води кон враќање назад и во изолација.

Им посакувам добро здравје и вечер да победи подобриот кандидат на изборите“, кажа Шахпаска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.