Кога Словените дошле на територијата на географска Македонија се идентификувале како Македонци.

Тоа е смешно!, вели професорот по балканска историја на Универзитетот Аристотел во Солун, член македонско-грчка Интердисциплинарна комисија за историски, археолошки и образовни прашања, Спиридон Сфетас.

Во интервју за Дојче веле Сфетас потенцир дека за Грците многу проблематично како во македонските учебници се претставува антиката.

Тоа е клучниот проблем, вели Сфетас. Најдобриот начин за решавање на овој, но и на другите проблематични точки кои ги забележал, вели Сфетас, е преку правилно користење на изворите. По можност грчките.

Грчките учебници се проверени имајќи предвид дека Грција е членка на ЕУ, вели Сфетас на прашањето дали можеби грчките учебници се идеологизирани и исполитизирани.

Доколку нашите колеги од Македонија сметаат дека има нешто проблематично, ние може за тоа да дискутираме, доколку сме напишале нешто што е навредливо за другата страна. Но за нас, учебниците во Македонија се многу навредливи, особено што се однесува до античкиот период, а тоа кај новите генерации предизвикува омраза кон Грците. Во иднина сакаме се да биде базирано на основа на извори и фала Богу, имаме доволно антички извори за тоа да го докажеме.

Грчките ученици за Граѓанската војна во Грција учат декаТито го измислил името Македонија за да создаде база за да го анектира грчкиот дел на Македонија.

Учебниците говорат за територијалните претензии од Тито кон нашата територија, вели грчкиот историчар.

Целото интервју на Дојче веле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.