Два нови случаи од заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сè уште молчи како всушност се заразиле. Ова денеска на прес-конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече Арсовски, сестрата на пратеникот на СДСМ од Неготино, Ристе Ташев, Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште „Страшо Пинџур“.
Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев. Нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам. Страшно!, рече Арсовски.
Тој потсети дека во Неготино градоначалникот Тони Делков ја вработил сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции.
Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија, додаде портпаролот на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.