Да оставиме на историчарите да решаваат за тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале Бугари или нешто друго, но се прашувам каква врска има тоа со подобрување на животот на граѓаните на Бугарија и на Македонија, истакна Даниел Сервер, експерт за Балканот од Uниверзитетот „Џон Хопкинс“.
Сервер е професор по напредни меѓународни студии во реномиранот вашингтонски универзитет.
На прашање од МИА дали ЕУ и Вашингтон треба да дозволат позицијата на Софија за јазикот и историјата да стане услов за влез на Македонија во ЕУ, Сервер одговори дека само несигурните луѓе водат грижи за својот идентитет.
-Само луѓето несигурни во својот идентитет водат грижа за идентитетот, изјави Сервер за МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.