Серија земјотреси ја погодија Македонија во вечерните часови.
Како што објавија од Европско-медитаеранскиот центар од каде ги следат сите потреси од минута во минута, на територијата на македонија се забележани три речиси последователни земјотреси.
Првиот се случи во 20.40 часот, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар, а со јачина од три степени.
Вториот, кој беше и најсилен со јачина од 4,97 степени, се почувствува во 22.17 часот, со епицентар во истиот регион, односно 18 километри југозападно од Гостивар.
Третиот земјотрес дојде само 11 минути подоцна, односно во 22,28 часот, со јачина од 4,4 степени и епицентар на 17 километри јузападно од Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.