⚠️Лага и чиста политичка манипулација се информациите и фотографиите кои попладнево беа објавени на социјалните мрежи, во врска со градежните работи за проширување на улицата “Кирил и Методиј” заради оформување на поголем број паркинг места, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Понатаму тој вели:
🚧Поради специфичната конфигурација на теренот, во делот на постоечкиот дрворед најпрво е извршено асфалтирање, по што веднаш е извршено отсекување на асфалтот и оформување на соодветен простор околу дрвјата.
📢Недозволиво и неетичко е да се критикуваат градежни активности кои сеуште се во тек! Затоа упатувам апел до опозицијата и носителите на јавни функции, да не ја дезинформираат јавноста на штета на имиџот на градот. Наместо да бидат дежурни пишувачи на социјалните мрежи нека дадат придонес во креирање на политики кои се во интерес на градот и граѓаните кои ги избрале.
➡️Додека тие се занимаваат со неосновани обвинувања, ние продолжуваме континуирано и интензивно да работиме на подобрување на инфраструктурата и да реализираме проекти кои се во интерес на Охрид, пишува градоначалникот на Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.