Засега нема да се воведуваат ПЦР тестови за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои транзитираат низ земјава.
На денешната седница на Комисијата за заразни болести се разгледувало ова прашање и Комисијата вели дека ќе продолжи будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.
Според постојните мерки, граѓаните на овие земји кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја, соопшти Министерството за здравство по состанокот на Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.