Сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за наводни реформи на Заев. Владата е извор на лажни вести, бидејќи директно од Финска ја демантираат дека министерството за образование во Македонија прави образовни реформи како во Финска, реагира во соопштение најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште.
Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени.
Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја и најавените експерименти во образованието. Се виде дека не се работи тука за стандарди, туку за лаги на Заев и министерката која шири зараза од лажни вести Мила Царовска.
После сето ова Владата и Заев да се извинат на сите граѓани што ги доведоа во заблуда. Владата освен на корупција е главен извор на лажни вести. Заразата е неизлечива, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.