Секретаријатот за европски прашања објави оглас за вработување на посебен советник на заменик претседателот на владата на Македонија задолжен за задолжен за европски прашања.

Платата која ја нуди секретаријатот е вртоглави 49.000 денари, а кандидатот треба да поседува само тригодишно високо образование сон 180 кредити.

Ова значи дека институцијата не бара ниту кандидатот да има завршено четири годишно образование и стекнување на 240 кредити.

Се поставува прашањето дали огласот е наместен за посебен советник во секретаријатот за европски прашања останува да видиме? Како и да е сепак ова е уште еден доказ дека продолжува да се полни администрацијата и кабинетите во клучниот период за ЕУ интеграциите со неспособни кадри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.