„Не се знае иднината каква ќе биде кога станува збор за Зоран Заев, но ние си имаме свои планови. ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и про НАТО партија. Во 2000 година премиер беше Љубчо Георгиевски, прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тој го потпиша Договорот за стабилизација, асоцијација. И во 2008 година во Букурешт беше Груевски втор претседател на ВМРО-ДПМНЕ кога требаше Македонија да стане полноправна членка на НАТО заедно со Албанија и Хрватска, но тогаш се случи тоа што се случи. Првиот позитивен Извештај за почеток на преговори го добива владата на ВМРО-ДПМНЕ. Визна либерализација пак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја добива. Така да кога ќе се соберат сите овие факти и аргументи тогаш може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и про НАТО партија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српска телевизија „Happy Tv“.
Мицкоски со жалење констатира дека граѓаните во Македонија со Зоран Заев не живеат подобро.
Дали со Заев имаме подобро образование? Не. Дали имаме подобар здравствен систем? Не. Дали имаме подобра економија? Не. За жал најлоши сме во регионот. Дали е намалена стапката на криминал и корупција во Македонија? Не, најлоши сме во Европа. И сето ова кога ќе се собере, кој профитираше? Профитираше семејството Заеви кое владее денес во Македонија, а изгубија граѓаните“, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.