Семејството на осмооделенецот Дамјан Давков реши случајот за неправдата кон нивниот син од страна на Министерството за образование и министерката Мила Царовска да го истера на суд. „Штипскиот Питагора” и чудо од дете како што го викаат Дамјан, не добил паричната награда од Министерството за образование и наука само затоа што бил осмооделенец кога ја добил првата награда по математика во категорија за средношколци од прва година.

Никица Давкова, мајка на Дамјан вели дека по добиеното решение од Министерството ќе ја искористат правната поука и ќе поднесат тужба до Управниот суд. Давкова денеска на фејсбук објави дека им се заблагодарува на сите граѓани во земјава и странство, стопанственици, компании, болници, банки, музичари кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од неа.

Принципиелно ги одбивме вашите понуди. Не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надевам дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка, напиша Никица, мајката на Дамјан.

Министерката Царовска изјави дека за целиот случај виновник е Сојузот на математичари на Македонија чии одговорни лица дозволиле натпревар на осмооделенец со средношколци.

 

Голема благодарност до СИТЕ поединци од Македонија што живеат овде, но и во странство, стопанственици, компании,…

Posted by Nikica Davkova on Monday, 8 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.