Член на потесното семејство на испекторката Мери Проја одгледувал марихуана – ОЈО ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР, објавува „Инфомакс“.

На почетокот на 2018 година од страна на полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за производство на марихуана против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска, раководител на одделението за инспекциски надзор – Скопје при Државниот пазарен инспекторат која во јавноста стана позната по тоа што држеше вонредна прес конференција затоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ седел во кафеана.

Како што тврди „Инфомакс“ полициски службеници во 2017 година во дворот од викенд куќата во Маркова Сушица сопственост на родителите на Мери Проја Продановска поточно во фолијата каде одгледувале зеленчук пронашле 15 стебла од растение од растителниот род Cannabis, по што од страна на полицијата до ОЈО била поднесена кривична за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Но, иако целиот настан бил расчистен и соодветно документиран, од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018 година била отфрлена.

Проја стана позната во јавноста откако одржа експресна прес конференција затоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски седел во кафеана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.