И покрај тоа што Бајрам имал ковид-19 и за ваквите пациенти постои посебен протокол,
неговото семејство планира да прави голем погреб со сите церемонии, дознаваат неколку од
медиумите, меѓу кои и „Слободен печат“.

Дека за ваквите случаи има посебен протокол со одлука на Владата потсетува и директорката
на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) – д-р Ирина Сотирова-Бухова, која за
САКАМДАКАЖАМ.мк“ посочува дека за погреб на лице починато од Ковид-19 е задолжена
самата установа каде починало лицето (како што информираа од болницата, Бајрам бил донесен
веќе починат).

Директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје – д-р Александар Стојанов, пак, за порталот
информира дека епидемиолозите утре ќе работат на епидемиолошките анкети на лицата што
имале контакт со починатиот политичар.
Како што пишуваа претходно медиумите, Бајрам неодамнакорон правеше свадба на својата внука во Турција, бидејќи во земјава таквите собири се забранети.
Сепак, Бајрам веќе подолго време страдаше од проблеми со срцето и дијабетес, поради
што минатата година му беше ампутирана едната нога. Министерот за здравство Венко Филипче
посочи дека неговата здравствена состојба била „комплексна“, со хронични болести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.