Државата ги запоставува граѓаните заглавени во странски држави и не помага за нивно враќање во земјата, обвинуваат од Алијансата за Албанците.

Неколку пати реагиравме на ова прашање, па и апелиравме до Министерството за надворешни работи и Владата, кои не прават ништо за да им се помогне на нашите граѓани, особено од Италија, каде што ситуацијата е многу загрижувачка заради големиот број наши граѓани кои сакаат да се вратат во својата татковина. Ова го зборуваме затоа што добивме многу директни писма од нашите граѓани, кои се блокирани во разни земји на ЕУ, како резултат на пандемиската криза, велат од АА.

Тие му порачаа на вицепремиерот Бујар Османи дека проблемите не се решаваат ниту со празни изјави ниту со потценување на новинарите кои се заинтересирани за оваа проблематика.

Затоа, преземете мерки за да не бидепредоцна, и да не станете причина за некоја трагедија, како што е случајот со албанското семејство од округот на Скопје, кое според нашите информации е блокирано 48 часа на унгарската граница. Бројот на тие што сакаат да се вратат е многу голем, но конзуларните претставништва на РСМ не се ни во можност да го отворат телефонот, а камоли да направат нешто повеќе за да помогнат во нивното враќање, велат од Алијансата за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.