На трансакциските сметки на семејствата на загинатите во пожарот што на 8 септември годинава се случи во модуларната болница во Тетово, се префрлени средствата што ги обезбеди Црвениот крст на Република Македонија.

Со тоа, како што соопштија од Црвениот крст, е даден скромен придонес во ублажување на последиците од трагедијата.

– Со овој хуман чин се искажа висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна, информираат од Црвениот крст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.