Цели семејства од селото Горна Белица на Јабланица се отцепени поради обилните врнежи од снег, кои утрово зафатија дел од Македонија. Според информациите на порталот „News1“, во повеќе села снемало електирчна енергија.

Во моментов се прават напори од поединци да пробијат дел од патот, со цел да помогнат да се извлечат луѓето кои се заглавени во снегот.


Маетеоролозите со денови ги најавуваа врнежите од снег, но само што планинските села се отцепени, туку никакво расчистување нема ни на главните магистрали, па така оние што тргнаа на пат по автопатот „Мајка Тереза“ начекаа добро позната слика на патот од „орната работа на Македонија пат“.

Поради обилни врнежи од снег, на патниот правец Кичево-Пресека-Охрид, утрово од 04:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.