Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од Ковид 19 кој е во пораст.

Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените се должи на непочитување на мерките, пред се групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно заброваија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризиокот што го носи есента е сериозен, рече Филипче.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.

Тој оцени дека апсослутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.