Имер Селмани во вечерашното гостување на телевизија Телма оцени дека премиерот Зоран Заев избрзал со понудата за широка влада.
Премиерот избрза само после 2- 3 дена откако ја потврди довербата во Собранието да понуди широка влада, која ниту се сфати, ниту се прифати. Зошто така набрзина се случи една таква сериозна понуда.. Мислам дека изворот на понудата лежи во самата основа и голема желба на премиерот да има помирување во базата, која тој ја нарече едно општество за сите. За жал, тоа не наоѓа плодна почва на Балканот, кога имаме ваква поделба во општеството. Желбата за едно општество за сите премиерот ја даде недоволно обмислена, смета Селмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.