Новите соеви на вирусот ги пореметија очекувањата дека до лето вирусот ќе го снема, вели поранешниот министер за здравство Имер Селмани, кој утрово гостуваше во „Студио 10“ на ТВ24.
Треба властите посебно да внимаваат од потенцијално ризични земји. Бројките засега во нашата држава се релативно стабилни и треба вака да се одржуваме. Очигледно многу моќни економии не успеваат да се изборат со новите соеви. Свеста треба да се дигне на повисоко ниво, не може да се очекува десетина држави да се вакцинираат, а другите кога ќе им дојде време, тогаш. Сум за рестриктивни мерки, пред се за луѓе што патуваат во високоризични земји. Здравјето е пред се, но треба многу паметно балансирање и за економијата. Не можеме да се затвориме, но мора да сме внимателни со патувањата и луѓето кои патуваат, треба да се следат и карантинот е најмалку што може да се направи, вели Селмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.