Имер Селмани, екс министер за здравство во емисијата 24 анализа рече дека државата е пред голем предизвик дали ќе се продолжи со новото парламентарно мнозинство со постоечката власт или ќе се оди на брзи парламентарни избори.

– Или ќе имаме ново неубедливо големо мнозинство, но и тоа е кревко. Анализирајќи ги сите постапки на Алтернатива и нивното искуство од пред неколку години кога беа во коалиција со ДУИ и СДСМ, очекувано беше дека тие ќе поставуваат многу ситни фини теми од стратешки концепот. Алтернатива концепциски нема многу разлика во однос на програмските ориентации на СДМ и ДУИ, но ќе се очекува да сакаат да внесат нешто ново- вели Селмани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.