Додека медиумите наголемо лицитираат кој би можел да го наследи Зоран Заев на функциите претседател на СДСМ и претседател на Владата, во кулоарите сè повеќе се шпекулира дека во владејачката партија пак се разгорува ривалството меѓу двете неформални фракции во партијата, едната што безрезервно го поддржува Заев и другата која е приврзана до Радмила Шеќеринска, дознава „Плусинфо“ од партиски извори.
Исходот од битката за тронот на Бихаќка ќе биде познат најверојатно во јануари, кога Заев ќе одлучи дали ќе ги активира одложените оставки на двете функции. Во меѓувреме, се вртат нови имиња. Интересно е дека речиси никој не ги потврдува, но ниту ги демантира шпекулациите.
Заев ќе потпише сè што треба со Бугарите, само за да остане премиер, но…
Повеќе медиуми веќе известија дека Заев се откажал од намерата да ги раздвои функциите лидер на СДСМ и премиер, а денеска тоа го потврди и партискиот претседател Фатмир Битиќи, најавувајќи голема реконструкција на Владата, во која ќе има шест или седум нови министри.
Откако успеа скандалозна операција за спас на Владата од изгласување недоверба на Владата, видно охрабрен и од најавите на опозицијата дека нема да го блокира парламентот при донесувањето на буџетот, Заев привремено се консолидира и повторно е решен да се коцка. Тој пак се надева на почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската унија и на симнување на бугарското вето.
Иако од Бугарија стасуваат предупредувањата дека политичките промени таму нема суштински да ја променат позицијата на Софија во спорот со Скопје, Заев се надева дека бриселските бирократи во следните недели, до средината на декември, ќе успеат да ја натераат новата влада да се откаже од ветото. За возврат, тој е спремен да потпише секаков документ за да ги задоволи апетитите на Софија, освен таков што би значел итни промени на Уставот и гаранции за кои македонскиот парламент би требало да се изјасни веднаш, со двотретинско мнозинство. Тоа е нешто што Заев во овој момент не може да го испорача, вели извор на „Плусинфо“.
Повеќе на „Плусинфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.