Заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами, вели дека не е точно оти етничката и верската припадност на лицата кои во моментот на пописот нема да бидат во државата, не може да ја потврдат нивните роднини.

Дилемата во јавноста внесе првиот човек на Статистика, Апостол Симовски, кој пред неколку дена рече дека за лицата кои не се присутни при пописот на населението, роднините нема да можат да ја попишат етничката и верска припадност, независно дали се работи за резидентни граѓани или не.

Што сакал да каже директорот не знам, најдобро знае тој. Само знам дека тоа што го кажал е грешка и тоа од две причини. Такво нешто не е предвидено ниту со законот, ниту со методологијата. Законската одредба е општа и вели дека ќе даде податоци кои се однесуваат на лица кои се надвор. Ги вклучува сите податоци од матичен број и се друго што се однесува на пописот, вели заменик-директорот Селами во изјава за ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.