Во гостување на „ТВ24“ лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, јавно праша до каде е истрагата околу пожарот во тетовската модуларна болница и дали е тоа причина што се уште, седум дена по трагедијата, не се објавуваат имињата на загинатите.

Ние не ги знаеме ниту имињата на жртвите, барем за тоа се должни институциите. Се што знаеме е дека оваа работа не треба да се злоупотреби политички – изјави Села.

За загинатите 15 лица, Села потенцира дека тие се вистинските жртви на трагедијата, а не оние од кои се бара оставка и поднесоа оставка, но некој се обидува да ги прикаже како жртви.

Замислете излегува премиерот и не ја прифаќа моралната оставка на министерот. Гледаме дека ова е игра како да се манипулира гневот на тие што изгубиле најблиски со цел се да оди како ништо да не било. Кога тој ќе одлучува за моралната одговорност на министерот. Како е можно да нема ни тронка одговорност? Одговорност и оставки мора да има дури и на функции да се најчисти луѓе. Моралната одговорност треба да се прифати, во спротивно премиерот мора да си замине – вели Села.

Тој истакна дека треба да се испита и безбедноста на модуларните болници, колку тие биле квалитетно градени, со оглед на тоа што, како што рече, „тетовската болница изгоре за три минути како да е бензиска пумпа“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.