Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Алсат“, рече дека се чувствува разочаран, но не даде конкретен одговор што се случи со заладувањето на оваа коалиција и промената на односот на Алтернативата кон неговата партија.

Се чувствувам разочарано, не можам да се чувствувам поинаку, но и горд на секој пратеник на АА, на секој претставник на АА, кои се сериозни и решителни. Знаеме дека имавме 12 пратеници од народот, овие 12 пратеници не се сопственост на субјектот туку се сопственост на граѓанинот кој гласал за промени, рече Села.

Тој побара Алтернатива да му одговори во кој дел Зијадин Села е антиевропски.

Коалициите не се лесни, тие се тешки. Ние можеме да одговараме за нашите чекори, за чекорите на другите политички субјекти тие самите мора да одговараат. Ги слушнавме нивните аргументи и нека ми кажат во кој дел Зијадин Села е антиевропски, нагласи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.